1. Да се доделат под итно концесиите за користење на рибниот фонд за рекреативен риболов на риболовните ревири, акумулации и природните езера.
2. Да се формира РИБАРСКА ПОЛИЦИЈА како што има Шумска полиција
3. Годишните дозволи да бидат со важност од 365 дена а не за една календарска година
4. Легитимациите за рекреативен риболов да бидат со важност од 365 дена а не за една календарска година.
5. Да се формира работна група и да се понудат измени и дополнувања на Законот за рибарство и аквакултура од Здруженијата на рекреативни риболовци и Спортските клубови.
















